Хотелиерите во Хрватска на мака: Нудат 15 евра за час, а никој не сака да работи

Туристичките работници во Хрватска се во вистински „лов“ по хигиеничари. Хотелиерите, а особено сопствениците на станови, мака мачат бидејќи многу тешко се наоѓаат работници за чистење.

Нивните плати или саатници се повеќе од пристојни. За три часа чистење, на пример, двособен стан, добивате и до педесет евра.

Значи, за час и повеќе од 15 евра. Наскоро саатниците на чистачите ќе се израмнат со саатниците на ИТ работниците, кои исто така се многу барани. Веројатно веќе ги „престигнаа“ наставниците, пишува ХРТ.

Од година во година хрватските хотелиери и издавачите на станови ја креваат цената на час затоа што тоа е закон на пазарот. Чистачите често се барани, но ги нема доволно. Годинава, велат од службите кои ангажираат луѓе за оваа работа, има поголема побарувачка за хигиеничари и веќе дојде до точка да поставуваат повеќе услови.

Поради тоа поголемиот број на оние кои издаваат станови и апартмани во сезоната самите ги одржуваат и чистат.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија