НЕВЕРОЈАТНО! НЕ ЗНАЕ ДЕКА СТАНАЛ МИЛИОНЕР: Се бара среќен добитник на лотарија

Засега сеуште непозната личност од Штутгарт не знае дека е среќен добитник на лотарија на која освоил милиони.

Имено, како што објавуваат медиумите, непозната личност од Штутгарт освоила милиони евра на лотарија во Германија, а со оглед на тоа што не дошла да ја „подигне“ наградата, може да се заклучи дека се уште не знае дека е среќен/на добитник/чка.

Жител на Штутгарт и жител на Саксонија за себе освоиле речиси 8,46 милиони евра без данок, соопшти лотаријата во Германија.

Добитниците го добиле џекпотот со броевите 13, 21, 26, 34, 41, 48. Среќен добитник има и од областа Рајн-Некар кој освоил 940.000 евра.

„Тикетите се уплатени во северниот дел на Штутгарт и во западниот дел на областа Рајна-Некар“, соопшти лотаријата. Исто така, заклучено е дека лицето кое освоило речиси милион евра се уште не знае дека тој е среќниот добитник. За да ги добијат парите, добитниците мора да се пријават и да достават валидни тикети.

Според германските медиуми, веројатноста да се добие џекпот е еден спрема 140 милиони, а за шест точно погодени бројки, шансата е еден спрема 15,5 милиони, пишува fenix-magazin.de.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија