Платите растат во Германија – но разликите шокираат! Кој зема над 100.000€, а кој едвај 33.000€?

Платите во Германија во 2025 година растат, но разликите меѓу вработените остануваат големи. Според податоците на германскиот статистички завод, половина од вработените со полно работно време заработувале 54.066 евра бруто годишно, вклучувајќи додатоци како регрес и божиќница, додека другата половина била под овој износ.

Големи разлики во примањата

Разликите меѓу најниските и највисоките плати и понатаму се изразени. Најплатените 10 проценти од вработените заработувале 100.719 евра или повеќе годишно, додека 10 проценти од најслабо платените имале 33.828 евра или помалку. Највисокиот слој, односно еден процент од вработените, надминува 219.000 евра бруто годишно.

Просекот не ја покажува реалната слика

Просечната годишна плата изнесувала 64.441 евро, но овој податок не ја прикажува вистинската состојба бидејќи е зголемен од високите примања на мал број вработени. Затоа е поважно да се гледа колку заработува мнозинството работници.

Разлики меѓу истокот и западот

Разликите се видливи и на регионално ниво. Во источните делови на Германија годишните примања изнесувале 46.013 евра, додека на запад биле повисоки и достигнувале 55.435 евра. Разликата така надминува 9.000 евра годишно.

Прочитајте: Колкава плата е доволна за живот во Германија?

Најплатени и најслабо платени сектори

Големи разлики постојат и меѓу секторите. Највисоки плати се забележани во енергетскиот сектор, каде вработените заработувале околу 77.522 евра годишно, додека високи плати има и во финансискиот и осигурителниот сектор. Најниски плати има во угостителството, како и во земјоделството и шумарството, каде се заработуваат околу 35.000 евра годишно.

Податоците јасно покажуваат дека раст на платите постои, но разликите остануваат големи и зависат од секторот, регионот и позицијата на пазарот на труд.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија