Поштенските услуги во Данска ќе станат уште полоши

Gratis anvendelse. Fotograf Niels Buch, (foto4363) Postkasse ved indfaldsvej.

Политичкиот договор постигнат на 3 мај, значително ќе ја намали работата на данската пошта, но на сметка на граѓаните. Имено, времето за испорака на стандардните писма ќе се зголеми на пет дена, за разлика од сегашните три дена. Покрај тоа, Post Danmark ќе работи пет дена во неделата, наместо шест дена како што беше досега.

Оваа одлука беше поддржана од сите партии, освен од црвено-зелена алијанса (Enhedslisten), а беше соопштена од страна на министерот за транспортни врски, Ханс Кристијан Шмит.
„Требаше да се направат некои подобрувања во однос на обврските кои данската пошта ги има“, изјави Шмит.

Според новите измени, повеќе нема да има бесплатни услуги, како на пример пренасочување на поштата на адреса на летните престојувалишта каде Данците живеат во текот на летото. Проценките се дека овие измени на Данската пошта ќе ѝ заштедат околу 328 милиони круни годишно.

Расмус Јарлов од конзервативците, го поддржа договорот и изјави дека намалувањата на услугите не е добро, но e неопходно.
„Опциите беа тие – или ќе ги намалиме услугите на поштата, или ќе ја кренеме цената за испратено писмо на 50 круни. Се разбира, ние не сакавме да направиме ништо од ова“, изјави тој за TV2.

Post Danmark е тешко погодена од силниот пад на обемот на поштата. Од 1999, обемот на работа е намален за неверојатни 82%. Според TV2, ваквата состојба ја чинело поштата околу 596 милиони круни (80 милиони €) во текот на изминатите четири години.

Во обид да се избалансираат изгубените приходи, цената на поштенските услуги се зголеми речиси двојно. За споредба, според сегашната цена, Данците плаќаат скоро три пати повеќе за да испратат писмо во градот (2.97 долари по писмо), отколку што еден Американец би платил за да испрати писмо од САД до Данска (1.15 долари).

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија