Јан Стојановски, го освои првиот ЗЛАТЕН МЕДАЛ за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која од 15 до 19 јули 2024 година се одржа во Кутаиси, Грузија.
Браво! Средношколецот Јан Стојановски ѝ ја донесе на Македонија првата златна медала на една Европска олимпијада по физика.
Честитки за Јан за кој ДФРМ не се сомневаше дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги во предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година.
Од се срце ти го посакуваме и златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика која од 21 до 29 јули 2024 година ќе се одржи во Исфахан, Иран!
На Олимпијадата која завршува денес покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал„ Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и
- Матеј Гелев ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје,
- Емилија Николовска ученичка во Математичко Информатичката Гимназија во Скопје и
- Димитриј Анѓеловски ученик во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Ова е прво злато на Јан на Европските првенства, но и прво злато за Македонија, со што тој постигна историски успех за нашата земја.
Веста за успехот на Јан за споделија од Друштвото на физичарите на Република Македонија, преку нивната фан страница на Фејсбук.
Радувај се Македонијо!