Програма за емигрирање во Алберта, Канада

Alberta Immigrant Nominee Program (AINP) е програма за имиграција управувана од страна на Владата на Алберта во соработка со службата за Државјанство и Имиграција на Канада (CIC). Оваа прогрaма има за цел да го подигне економскиот раст на Алберта со привлекување и задржување на имигранти во оваа канадска покраина.

Кандидатите кои ќе бидат именувани од Владата на Алберта, заедно со своите сопружници/вонбрачни партнери и деца, можат да аплицираат за постојан престој преку CIC како провинциски кандидати. CIC ги носи конечните одлуки за сите апликации за постојан престој на провинциски кандидати.

AINP програмата нуди можности за квалификувани и полуквалификувани работници. Покрај тоа, постојат опции да аплицирате самите, или преку Вашиот работодавец.

Кој не може да аплицира преку оваа програма?
Владата на Алберта на својот официјален веб-сајт има објавено листа на работници кои не се квалификувани за да аплицираат за иселеничка виза, а тоа се: свештеници, наставници за основно и средно училиште, професионални спортисти, лица кои работат во заботехнички лаборатории, поединци вклучени во некаков судски процес на државно ниво, странски работници кои привремено работат и живеат во друга провинција и негуватели на стари лица кои живеат во Канада.

Кои лица се квалификувани да аплицираат?
Лицата кои можат да аплицираат се поделени во три групи. За сите три групи важат поинакви правила и барања. За да прочитате за секоја од нив, кликнете на следните ликови:
1. Compulsory and optional trades criteria
2. Engineering occupations criteria 
3. Post-Graduate Worker criteria

Начин на аплицирање
Откако ќе ги спремите сите документи кои Ви се потребни според категоријата во која спаѓате, пополнете ги формуларите и испратете комплетна апликација до AINP. Вашата апликација нема да биде обработена и ќе Ви биде вратена ако е некомплетна. Можете да испратите само една апликација за добивање виза. Затоа, пред да ја испратите осигурајте се дека сте аплицирате за вистинската категорија и дека ги имате сите потребни документи.

Пополнување на апликацијата
AINP воведе бар код на некои од формуларите за да го олесни начинот за аплицирање за програмата. За да прочитате корисни совети кои ќе Ви помогнат во пополнување на формуларот, кликнете тука.

Повеќ информации за оваа програма можете да прочитате на официјалниот сајт http://www.albertacanada.com/

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија