Вработување во International Renewable Energy Agency

International Renewable Energy Agency (IRENA) е меѓувладина организација со седиште во Бон, Германија која се залага за употреба на сите форми обновлива енергија. Оваа организација спроведува програма за млади дипломци и магистранти, на кои ќе им се овозможи да се стекнат со повеќе знаење од оваа област. Квалификуваните кандидати за ова работно место можат да аплицираат онлајн, со испраќање на целосно и сеопфатно CV, како и мотивационо писмо.

Потребните услови за учество во програмата се следните:
– универзитетска диплома од областа на инжењерството, економијата, природните науки или област поврзана со тоа;
– искуство во анализа на енергетските системи и обновливите извори на енергија;
– одлично познавање на англискиот јазик;

Рокот за пријавување трае до 26 април.
Доколку сакате да аплицирате и да прочитате повеќе информации кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија