Програма за емиграција во Морден, Канада

85% од населението во Канада, која има територија втора во светот по големина, живее во големите градови на јужниот дел од земјата по должината на границата со Америка. Северниот дел на Канада е речиси без население освен староседелците Ескими. Приоритетни провинции за населување се Монитоба, Саскачеван и Њуфауленд. Владата го форсира ова населување поради заживување на овие области кои сака да ги урбанизира и економски да ги зајакне, а потоа од нив да добива приход од новите вработувања.

Морден е град кој се наоѓа во јужниот дел во покраината Манитоба, Канада. Секоја покраина во оваа држава има свои програми за населување, а бидејќи Манитоба е ретко населена област, во последните неколку години нуди многу можности за преселување во Канада.

MB_2001545

Потребни услови за да добиете иселеничка виза:

  •  да бидете на возраст помеѓу 21 и 45 години
  • да немате никаква поврзаност со другите делови на Канада (на пример пријатели, роднини, колеги, студиски програми во кои сте учествувале и слично)
  • да имате диплома за завршено високо образование или програма за обука со времетраење од најмалку една година за која сте добиле уверение или диплома
  • да имате искуство во работата најмалку две години со полно работно време во последните пет години
  • да сте положиле IELTS тест со 5 како минимален резултат во секоја група
  • да имате вистинска желба да живеете и да придонесете за развојот на Морден
  • да поседувате доволно парични средства – $ 10,000 за Вас како главен апликант и 2.000 долари за секој член на семејството
  • да одговарате на бараните работни позиции (листата можете да ја најдете овде)

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, формуларот за аплицирање, како и листата на потребни документи, можете да го најдете тука.

Откако ќе ја испратите Вашата апликација преку e-mail, ќе добиете повратен одговор за тоа кога Вашата апликација ќе биде разгледана. Тоа е обично во рок од еден месец од поднесувањето. Кандидатите ќе бидат известени по крајот на тој период за разгледување. Ако не сте биле известени до крајот на назначениот термин, значи дека не била одобрена Вашата апликација.

Важно: Кога ќе аплицирате, треба да оставите впечаток дека навистина сакате да живеете во оваа покраина. Штом ќе ја добиете иселеничката виза, канадските власти не можат да Ве ограничат каде ќе живеете, па затоа се претпазливи кога ги одбираат кандидатите. Во некои случаи, иселениците ја користат можноста од ваквите програми за да добијат иселеничка виза, а потоа се преселуваат во некој друг поразвиен град. Доколку сакате Вашата апликација да биде прифатена, тогаш треба да бидете убедливи дека сакате да живеете во Манитоба. Токму затоа, еден од наведените услови е да немате никаква поврзаност со некој друг дел од Канада.

Повеќе информации можете да прочитате на официјалниот сајт на Морден.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија