
Third Millennium Alliance објавува оглас за координатор за практиканти и истражувања кој ќе работи на програма во Еквадор.
Потребни квалификации:
– Додипломски студии од областа на биологијата (постдипломските студии ќе се сметаат за предност)
– Искуство во биолошки истражувања
– Искуство во тимска работа и предводење на тим
– Одлично познавање на англиски и шпански јазик
– Познавања во укажување прва помош ќе се сметаат за предност
– Познавање на работа со компјутери
Платата изнесува 500 долари месечно, но освен тоа се платени сите трошоци за живот (храна, превоз, престој).
Рокот на пријавување е до 15 март, а програмата трае 1 година.
Повеќе информации за програмата и за тоа како да аплицирате, можете да прочитате овде.