Регистрација на автомобил во Германија 2024 година (се на едно место)

Регистрацијата на автомобилот во Германија е многу едноставна и може да се заврши доста брзо. Сепак, постојат неколку чекори кои не треба да ги прескокнете. Прво треба да го решите осигурувањето…

Претпоставувам дека веќе сте го избрале автомобилот кој сакате да го купите. Пред да го извадите на пат, мора да го регистрирате истиот автомобил.

Регистрација на автомобил во Германија – сите чекори

Значи, сценариото е следно: Си купил автомобил од приватно лице или од автосалон. Таа кола уште не можеш да ја возиш затоа што прво треба да ја осигураш и регистрираш.. Прво правите осигурување, потоа регистрација.

За ОСИГУРУВАЊЕ на автомобил ви треба:

  • сообраќајна дозвола – германски Fahrzeugschein
  • сертификат за сопственост – Fahrzeugbrief
  • договор за купопродажба – Kaufvertrag
  • пасош

Со документите наведени погоре, одите во избраната осигурителна компанија да го осигурате автомобилот и да добиете БРОЈ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Во Германија ова се нарекува elektronische Versicherungsbestätigung (eVB) или eVB-Nummer (e-fau-be-numer) накратко.

Кратенката Kfz означува Kraftfahrzeug – т.е. моторно возило

Осигурување на автомобил во Германија

Таму за време на разговорот со личноста што ве прима, се договарате за условите на вашето осигурување. Овој службеник ќе ја побара вашата возачка дозвола (Fahrzeugschein) и ќе ги внесе деталите за вашиот автомобил во компјутерот.

Ќе те прашаат дали некој друг ќе го вози автомобилот освен тебе, колку километри планираш да возиш годишно, дали колата ќе биде гаражирана итн итн.

Мој совет е да одговориш искрено затоа што ако наведеш дека само ти го вози автомобилот и се случи, на пример, жена ти да вози и да ја скрие несреќата, осигурувањето нема да ја плати штетата или ќе плати само дел од штетата…

Потоа ќе ви кажат на која класа припаѓа вашиот автомобил и колкав процент имате попуст (ако го имате).

Ќе кажат, на пример: осигурувањето на вашата кола чини 65 евра месечно. Бидејќи ова е ваш прв пат да осигурувате автомобил во Германија, немате бонус, па ја плаќате целата цена. Ако веќе имате автомобил осигурен во Германија, на пример, 2 години и не сте доживеале незгода, односно не сте направиле никаков прекршок, може да ви се припише бонус за да платите пониска цена за осигурување.

Може да ве праша дали сакате да плаќате месец за месец, на секои три месеци, полугодишно или еднаш годишно за осигурување на вашиот автомобил.

Најчесто се избира опцијата за плаќање на секои шест месеци или еднаш годишно. Во овие случаи имате одреден попуст.

Откако ќе го завршите разговорот со службеникот, го потпишувате договорот и го добивате вашиот БРОЈ НА ОСИГУРУВАЊЕ (Versicherungsbestätigung или eVB-nummer) со кој одите во KFZ-Zulassungsstelle (канцеларија за регистрација на автомобили). Ако не знаете каде се наоѓа KFZ-Zulassungsstelle во вашиот град, пишете на google KFZ-Zulassungsstelle и градот во кој живеете, google maps ќе ви ја покаже локацијата на оваа канцеларија во вашиот град.

Видови на автомобилско осигурување во Германија

  • Kfz-Haftpflichtversicherung – основно (задолжително) осигурување
  • Kaskovversicherung – постои делумно осигурување, односно Teilkasko и целосно осигурување, т.е. Vollkasko. Ниту едното ниту другото не е задолжително, но се препорачува на пример да иматe Teilkasko за автомобили стари околу 5 години, а Vollkasko за нови автомобили.
  • Schutzbrief – не мора да се има и се плаќа дополнително. Тоа е како влечна служба ако автомобилот ви се расипе на пат. Постојат некои други бенефиции во зависност од тоа за што сакате да платите дополнително. Во овој случај, НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ оваа опција во осигурителната компанија. Наместо тоа, земете го SCHUTZBRIEF или ЧЛЕНСТВО во ADAC . Тоа е германски автомобилски клуб и чини околу 120 евра за сопственикот на автомобилот или околу 150 евра за двајца членови на семејството и ви нуди помош на пат и некои други поволности.
  • Verkehrs-Rechtsschutzversicherung – дополнително правно осигурување во случај на несреќа. Ја препорачувам оваа опција, но не е задолжителна.
  • Заклучок: може да земете само Основно осигурување (прво на листата), останатите наведени осигурувања се дополнителни и не се задолжителни.

Регистрација на автомобил Германија – сите потребни документи (список)

Да повториме накратко уште еднаш. За да регистрирате автомобил, прво треба да изберете осигурителна компанија и таму да добиете број на осигурување. Со тој број и другите документи одите да го пријавите автомобилот. Таму плаќате за новата сообраќајна и новите регистарски таблички. Среќен пат!

За да РЕГИСТРИРАТЕ автомобил во Германија, потребни ви се:

  • Fahrzeugschein односно сообраќајна дозвола
  • Fahrzeugbrief односно потврда за сопственост
  • Kaufvertrag односно договорот за купопродажба што го добивте при купувањето на автомобилот (ADAC празен договор за продажба имате ТУКА)
  • (HU+AU Bescheinigung) или т.н. TÜV, односно доказ за валиден технички преглед
  • Versicherungsbestätigung или eVB-nummer, т.е. број на осигурување од осигурителната компанија
  • Пасош

Осигурувањето на автомобилот е завршено, сега одиме да го регистрираме автомобилот

Како што напишав, KFZ-Zulassungsstelle е всушност канцеларија за регистрација на автомобили. Најчесто се наоѓа во зградата на општината во местото каде што живеете.

Таму одите со осигурителниот број што го добивте од осигурителната компанија. Таму ја предавате сообраќајната дозвола од стариот сопственик и за возврат добивате нова сообраќајна дозвола со вашето име и адреса на живеење. Иссто така тука ги предавате и старите таблици ако автомобилот е сеуште пријавен на стариот сопственик.

Исто така, важно е да имате доказ за валиден технички преглед (HU+AU Bescheinigung) или таканаречениот TÜV.

После тоа одите да ги земете вашите нови таблици. Вашите документи ќе останат кај првиот службеник додека не завршите сè со новите таблички. Кога ќе ги добиете табличките, треба да платите (околу 35 евра) и вратете се кај првиот службеник. Таму тој ви ја дава новата сообраќајна дозвола. Од него можете да добиете и дозвола за паркирање за зоната во која живеете. Тоа чини околу 30 евра годишно.

Регистрацијата на автомобилот во Германија сега е завршена. Останува само да ги „монтирате“ новите таблички на вашиот автомобил и спремни сте да тргнете. Честитки за купувањето на вашиот прв автомобил во Германија ?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија