Се продава цело село во Шведска за 7 милиони долари

Пандемијата на коронавирус можеби негативно влијаела на пазарот на недвижнини низ светот, но во Шведска се продаваат дури и селата. Имено, на продажба е цело село во Шведска за приближно 7,3 милиони долари.

Селото Сатра Брун се наоѓа во близина на главниот град Стокхолм и е познато по своите природни извори и термални води.

Селото било откриено во 1700 од докторот Самуел Скраге, кој пронашол извор на вода на местото и ја купил земјата околу изворот. Потоа тој изградил бунар, куќа, болница и црква.



Фото: Christie’s international real estate

Ова било период кога природните извори на вода биле многу популарни, а пиењето или капењето во ваквата вода се сметало за лековито. Селото ги привлекува граѓаните на Шведска да градат викендици во местото.

Во 1740-те, сите домови и земјата биле купени од свештеник, кој подоцна му го оставил имотот на универзитетот „Упсала“. Во 2002, 16 претприемачи го купиле селото и оттогаш тоа е центар за сауна и одржување настани. Од 2015, во селото има и фирма за производство на шишиња, кој е вклучен во зделката за оној кој ќе го купи селото.


Фото: Christie’s international real estate

Селото покрива површина од речиси 60 акри, со дополнителни 84 акри необработена земја. Целото село е регистрирано како компанија, што значи дека може да го купат дури и странци.

Извор: cnbc.com

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска