Германија не мисли само на своите граѓани, туку и сите што имаат желба да работат, живеат и да уживаат во животот во оваа држава. Тоа го има докажано во неколку наврати.
Имено, Германците знаат дека основен проблем е пронаоѓањето работодавци, како за нивните граѓани така и за странците што сакаат да работат кај нив.
Во Германија со години вообичаена форма на барање работа се интернетот и онлајн-пријавувањето. Во продолжение е процедурата, а потоа се сите линкови што германското биро за вработување ги подготвило за сите што сакаат да работат и да се образоваат во оваа земја.
Процедурата е следна:
1. Треба да напишете биографија во која треба да ги наведете сте детали што ќе им бидат потребни на работодавците за вас. Напишете ги во ворд-документ или во некој друг програмски пакет за пишување и зачувајте ги во дигитална форма. Друг начин е да пополните онлајн-пријава (на пример, на страницата https://europass.cedefop.europa.eu/editors/hr/cv/compose, каде што можете да изберите на кој јазик сакате да ја зачувате биографијата). Ставете ваша фотографија, скенираните дипломи и оваа онлајн-пријава зачувајте ја како ПДФ-документ во вашиот компјутер.
2. Напишете молба: стандардна молба што започнува со воведен дел во кој кажувате дека се јавувате на одреден оглас, за одредена компанија и сакате да работите кај нив. Во молбата наведете какви документи приложувате: биографија, дипломи, сертификати, потврди за работно искуство, потврди од поранешните работодавци за тоа каков работник сте биле и што сте правеле, дипломи за положен јазик, евентуална копија од пасош, возачка и слично. Треба да се напомене дека не треба да измислувате бидејќи работодавецот го проверува наведеното.
3. Комплетната документација испратете ја до работодавецот во дигитална форма, на неговата е-пошта. Треба да напоменеме дека сите документи мора да бидат преведени на германски јазик.
4. Одредени страници за барање оглас нудат опција за регистрирање директно на нивната страница, така што таму директно можете да доставите документација.
Потребен е речиси еден ден за подготовка на сите документи, а потоа се потребни 2 секунди за да се пријавите на огласот. Во продолжение се сите линкови што германската влада ги подготвила за барање работа.
Стандардни огласи:
www.job-consult.com/jobsuche_uebersicht
www.kalaydo.de/anzeigen/stellen
www.kleinanzeigen-landesweit.de/kategorie-46
www.meinestadt.de/deutschland/jobs
www.monster.dewww.myjobnextdoor.com
www.offene-stellenangebote.com
Апсолвентски огласи
www.absolventa.de/stellenangebote
www.mcgutschein.com/studi-jobs/
Специјалисти за ИТ, инженеринг и финансии:
Академски граѓани
Оглас за понатамошно образование и пракса:
www.ausbildung-ernaehrungsindustrie.de
autoberufeboersen.kfzgewerbe.de
Работа за студенти
www.mcgutschein.com/studi-jobs/
Работа за практиканти и помошници:
Работа за луѓе со инвалидитет:
www.myhandicap.de/jobboerse-fuer-behinderte
Онлајн-работа
Работа во Швајцарија, Германија, Австрија и Лихтенштајн:
Работа од области како хемија, биологија, фармација и медицина:
www.vitalingo.com/stellenboerse/
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.