Во пресрет на празниците кога се очекува многу поголема побарувачка, стоковната куќа Macy’s со седиште во Охајо, планира да вработи околу 85.000 сезонски работници. Ова е приближна бројка на онаа од лани.
Во соопштението од Macy’s се вели дека околу 12.000 работници ќе бидат во директен контакт со потрошувачите во продавниците, додека пак околу 1.600 работници ќе бидат ангажирани за комуницирање со клиентите преку телефон, e-mail и онлајн чет во центрите за услуги. Повеќе од 1.000 лица ќе бидат распоредени низ целата држава и ќе бидат задолжени за традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, која Macy’s ја организира по 88-ми пат.
Доколку сакате да ги погледнете слободните работни места и да аплицирате за некое од нив, посетете ја нивната официјална страна на следниот линк.