Доколку сакате да живеете и работите во некоја од државите на ЕУ, секако дека е пожелно да го знаете матичниот јазик на државата. Но, овојпат тема на истражување беа странските јазици кои ќе ви бидат најкорисни во овие држави. Анкетата на Евробарометар ги испита граѓаните на ЕУ земјите за нивните јазични способности и ставови за учење на странски јазици. Едно од прашањата на анкетата беше следното: Освен матичниот јазик, кој два јазика мислите дека се најмногу корисни за личниот и професионалниот развој на еден граѓанин во вашата земја?
Испитаниците бираа меѓу два јазика, но имаа можност да одберат и опција „ниту еден јазик“.
А вака изгледаат резултатите од анкетата:
Сосема очекувано, англискиот јазик доминира на ЕУ картата, каде само Луксембург се издвојува, бидејќи според испитаниците, во оваа држава најдобро е да го познавате францускиот јазик. Францускиот јазик беше избор и на жителите на Велика Британија, но треба да се земе предвид фактот дека официјален јазик на оваа држава е токму англискиот.
За разлика од првата карта, втората е многу интересна и шаренолика. За втор најкорисен странски јазик, испитаниците во различни земји, избраа различен јазик.
Во Бугарија, Грција, Италија и Португалија, повеќе испитаници ја одбрале опцијата „ниту еден јазик“. На втората мапа главно доминираат германскиот и францускиот јазик, но место зазема и рускиот.