Биди во првата генерација на студенти кои на англиски јазик ќе студираат на германски (ЕУ) студии, кои, од Универзитетот од С.Р. Германија се директно признаени во 75 отсто од целата настава (или 130 ЕКТС) во Скопје. Остатокот од 25 отсто ќе се работи во шестиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача која ќе се брани на англиски јaзик со ментор од Германија.
Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во С.Р. Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем, велат од Хајделберг Факултетот во Скопје.
Ова е Европска равенка која го решава проблемот на иднината!
Претседател на бордот на директори, проф. д-р Улрих Цајтел, неодамна, пред младите во Македонија, ја претстави европската равенка која ќе го реши проблемот на нивната иднина. Имено, тој истакна дека фокусот на Хајделберг Факултет во Скопје е ставен на практичниот дел од наставата која се реализира во партнерските компании (дулани партнери). На крај, тој додаде: „Согласно германската дуална програма на изучување, ќе имате можност да се здобиете со академско знаење и да посетувате пракса додека трае програмата за студирање!
Оваа иновативност ќе нé доведе до поголеми финансиски успеси и европски квалификуван кадар!“
Затоа, не чекајте, аплицирај на: https://www.heidelberg.edu.mk/application/
Факултетот Хајделберг во Скопје беше домаќин на Директорот на делегацијата на германското стопанство и Заменик Амбасадорот на С.Р. Германија
Делегацијата од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставувана од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото, директорот за развој Лукас Рудериш и претставникот на управата од Германија на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски, се сретнаа на бизнис ручек, со директорката на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Антје Ванделт и Заменик амбасадорот и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф.
На средбата, претставниците на делегација од Хајделберг и Франкфурт имаа свое излагање за успешноста на германскиот високообразовен дуален модел. Во насока на тоа, беше презентиран германскиот модел на високо образование, како одлична алатка за целокупниот успех на економијата во Германија. Имено, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, директорот за развој, Лукас Рудериш, по опширно го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите студенти, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.
Од страна на претседателката од Франкфуртскиот универзитет, проф. д-р Уршула Ото и директорката на Делегацијата на германското стопанство (АХК), Антје Ванделт, беше искажана волја за поддршка на ваквиот концепт, особено ако се има во предвид дека АХК е прилично успешна и активна во делот на средното стручно дуално образование. На крајот, од сите учесници на состанокот, беа разгледани идните можности на државата, за промена преку олеснување на даночната регулатива за сите компании кои ќе ангажираат дуални студенти од Хајделберг факултет во Скопје, како и можностите за имплементација на реформи во образовниот систем, а во функција на поддршка на компаниите за интерес во дуалното високо образование.
Факултетот неодамна го објави Конкурсот за упис за студенти за академската година 2024/2025 за две студиски програми Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки. Студиската програма предвидува 6 семестри од кои еден ќе се студира во Германија. По завршувањето на студиите студентите се здобиваат со германска диплома.