Суданецот кој го помина Евротунелот доби азил во Британија

Долгото патешествие на еден судански бегалец, овојпат завршува со среќен крај. По поминатите километри низ Европа, многуте прескокнати огради, поминати граници, а потоа и изодувањето на Евротунелот, Суданецот непосредно пред нова година доби азил во Велика Британија.

Четириесет годишниот Абдул Рахман Харун, во август минатата година беше уапсен во Кент, југоисточна Англија. Кратко време по неговото апсење, Харун аплицирал за азил, кој му беше доделен на 24 декември. Оваа убава вест ја добил вчера, во Кантербери Краун судот.

Иако многу илегални мигранти се обидуваат да влезат во Велика Британија, ретко кој се осудува да стигне дотаму низ Евротунелот, каде што се движат возови. Повеќето емигранти најчесто се кријат во товарните вагони, но Харун одлучил да дојде до островот на потешкиот начин – да помине 50тина километри пешки, покрај шини каде се движат возови со брзина и од 160 километри на час. Портпаролот на британската гранична полиција, за медиумите изјави дека на никого сè уште не му е јасно како Суданецот успеал да ги избегне сите надзорни точки и безбедносни камери.

Харун на судењето присуствуваше преку видео линк од затворот, каде што тој е притворен од неговото апсење. Судијата Адел Вилијамс нареди тој да биде ослободен, но под услов да се јавува во локалната полициска станица еднаш неделно.

 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија