
Со указ на рускиот претседател Владимир Путин, 8 јули е прогласен за Ден на семејството, љубовта и лојалноста во Русија.
Соодветниот декрет на рускиот лидер беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
„За да се зачуваат традиционалните семејни вредности, како и духовното и моралното воспитување на децата и младите, наредувам 8 јули да биде прогласен за Ден на семејството, љубовта и лојалноста“, се вели во документот.
Уредбата влегува во сила со денот на потпишувањето.
На овој ден во Русија се одбележува денот на сеќавање на заштитниците на бракот – Свети Петар и Февронија Муромски.

Празникот почна масовно да се слави во 2008 година и се смета за алтернатива на западниот Ден на вљубените (14 февруари), а сега е официјално воспоставен со претседателски декрет.