Тесла има недостаток на работна сила во Германија, а причината е – ниските плати

Кога Тесла започна со производство на своите возила во новоотворената Gigafactory Berlin во март оваа година, вработи 3.000 луѓе, а потоа беше објавено дека има намера да вработи илјадници нови вработени во наредните месеци.

Сепак, идеите на Маск не одат според планот, а веќе извесно време кружат информации дека Тесла има проблеми со вработувањето во новата фабрика.

Но, дури сега се дозна дека една од причините за недостигот на работна сила во германската фабрика се платите, или попрецизно – прениските плати.

Така тврдат најновите медиумски извештаи пренесени на Business Insider, кои се засновани на информации од најголемиот германски синдикат IG Metall.

Според тие информации, многу работници биле заинтересирани за работата во Тесла и би сакале да ја заменат моменталната работа со работа во Gigafactory, но на крајот се откажале бидејќи на новото работно место платата ќе им биде помала.

Според синдикатот, платата за иста или слична работа во еден од конкурентните производители на автомобили е за околу 20 отсто поголема.

Вработените во фабриката на Тесла во Берлин веќе се пожалија до синдикатот поради проблемите со платите, а додека во Германија им недостасуваат работници, во други фабрики можеме да очекуваме отпуштања.

Имено, поради „супер лошото чувство“ за економијата, Илон Маск неодамна изјави дека сака да укине дури десет отсто од работните места во компанијата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија