Германија се соочува со недостаток од работници- еве кои работници недостигаат

Посебен недостаток се чувствува во градежниот сектор, но и во образованието и здравството, објави вчера Институтот за германска економија (IW), пишува весникот „Пословни дневник“.

„Минатата година просечно беа достапни 139.256 соодветни баратели на работа за 201.411 работни места во занаетчискиот сектор“, се вели во извештајот на Институтот за германска економија.

Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата.

Недостигот од работници е особено значителен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостатокот е забележлив и во образованието за овие занимања.

Јавниот сервис АРД известува дека постои загриженост дека недостатокот на квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес за префрлување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни ќелии или топлински пумпи поради недостаток на работници.

Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да исчезнат до 2030 година во секторите кои се клучни за транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Според извештајот на IW, недостигот од работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образованието и здравството.

Синдикатот на вработените во образованието (GEW) проценува дека во следните пет години може да има недостиг од 200.000 во секторот за предучилишно образование и до 250.000 во училишниот сектор.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија