Топ 5 работни места во Германија за Балканци — заработка и до 7.000 €

Германија веќе децении се вбројува меѓу најпосакуваните дестинации за граѓаните од Балканот кои заминуваат во странство во потрага по работа и подобра заработка. Во германските градови денес живеат и работат повеќе милиони наши луѓе, а се очекува тој број дополнително да се зголеми бидејќи правилата за престој и вработување се значително олеснети.

Вработените во Германија остваруваат месечни приходи кои во некои случаи достигнуваат и до 7.000 €, во зависност од нивото на образование, занимањето и регионот во кој работат. Покрај редовната плата, многумина работат и дополнителни работи кои не се оданочени, со што дополнително ги зголемуваат своите приходи.

Германија се соочува со сериозен недостиг на работна сила. Затоа од 2024 година одлучи да го удвои бројот на издадени работни визи за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Албанија. Тоа практично значи дека работниците од овие земји, преку уредбата за Западен Балкан, имаат поповолен пристап до германскиот пазар на труд.

Прочитајте: Колку пари реално му требаат на едно семејство во Германија во 2026?

Исто така, поедноставени се условите за престој и работа, особено по воведувањето на т.н. „карта на шанси“. Дополнително, скратен е и законскиот период на престој потребен за стекнување германско државјанство — сега барањето може да се поднесе по пет години легален престој, наместо досегашните осум.

Најбараните работни места во Германија

Медицински работници

Медицинските занимања долго време се меѓу најбараните професии во Германија. Болниците и здравствените установи вработуваат лекари, медицински сестри, лабораториски техничари и физиотерапевти. Платите зависат од стручниот степен — физиотерапевтските техничари заработуваат околу 2.839 € месечно, додека лекарите можат да заработат и до 7.000 €. Најголема побарувачка има за медицински сестри и техничари кои можат да заработат меѓу 2.000 и 4.000 €, а негувателите околу 2.500–3.000 €.

Заварувачи и автомеханичари

Голема побарувачка има и за заварувачи, електричари и автомеханичари — занимања кои се дефицитарни и кај нас. Во Германија работниците со искуство можат да заработат и до 4.000 € месечно, во зависност од искуството и местото на работа.

Електричари

Електричарите исто така се барани, а нивната плата се движи приближно од 2.000 до 3.000 €, со можност за зголемување на примањата. Работата опфаќа активности на индустриски и станбени објекти, а работодавачите често нудат и сместување, како и работна и престојна дозвола.

Градежен сектор

Градежништвото традиционално е една од областите каде многумина од Балканот наоѓаат работа. Се бараат мајстори за алуминиумски фасади, монтажа на соларни панели, багеристи и други градежни работници. Почетниците можат да заработат околу 2.500 € месечно, додека искусните мајстори можат да остварат и до 6.000 €.

Професионални возачи

Професионалните возачи од сите категории се меѓу најбараните профили. Просечната плата на професионален возач во Германија изнесува околу 3.500 €, но варира во зависност од видот на превозот и релациите на кои работат.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија