Оваа година туристичката сезона на Јадранот ја работат сè поголем број странски работници. Сепак, повеќе отколку во туризмот, во градежништвото се потребни странски работници. Според податоците на МВР, издадени се над 120.000 дозволи за престој и работа, од кои најголем дел во градежниот сектор, пренесува СееБиз.
Странските работници се барани во туризмот, угостителството, индустријата, транспортот и трговијата.
Во Хрватска веќе подолго време има недостиг од работници, само во градежништвото годинава се вработиле речиси 45 илјади странци. Сепак, тие не остануваат долго на тие работни места. Компанијата Камград досега има вработено 1100 од нив, а само 30 отсто од нив останаа да работат. Најмногу од соседна Босна и Херцеговина.
– Овде остануваат некаде околу 77 до 80 отсто од тие луѓе, додека странците од тие далечни земји очигледно ја доживуваат Хрватска како некаква преодна или привремена дестинација во однос на работата, објаснува за ХРТ Драгутин Каменски од Камград.
Најмногу работни дозволи се издадени во окрузите Загреб, Истра и Сплит-Далмација.