МВР нема да казнува, вo банка ќе важат личните карти, а со пасош без „Северна“ ќе се патува само низ дома

Остануваат уште пет месеци до крајниот рок кога граѓаните треба да ги променат личните документи до февруари 2024 година, обврска која МВР односно државата ја наметна на граѓаните поради Договорот со Грција од 2018 година.

Според него новите документи мора да бидат со сегашното име Република Cеверна Македонија, а тоа значи и дополнителни трошоци за граѓаните.

Никој нема да биде казнет ако не направи замена, ако тие се уште се важечки, со лична карта без „Северна“ в банка ќе може за се заврши работа, ама со пасош со „Република Македонија“ нема да може да се патува никаде, пишува порталот МКД.

Како што пишува МКД, МВР нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата. Тоа значи дека ако не смените пасош до февруари 2024 година, не ќе може да поминете ниту еден граничен премин и пасошот со „Република Македонија“ ќе ви биде буквално само за дома.

Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Cеверна Македонија“, а која по датум е се уште валидна, ќе може да поминете на границите кон Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако во меѓувреме не се донесат поинакви решенија.

Што се однесува до Вашето прашање дали ќе има казни за оние кои нема да ги променат документите по февруари 2024 година Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат документи, а доколку некои од граѓаните не ги променат документите нема да има казни за тоа, велат од МВР за МКД.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија