Цените на имотот во Сиднеј продолжуваат да растат, достигнувајќи до 1 милион австралиски долари, покажува новото истражување. Просечната цена на еден имот во Сиднеј се искачи за 8,4% во текот на првата половина од јуни, а за 22,9% во период од една година.
Економистот Ендрју Вилсон изјави дека ова е резултат на комбинација од повеќе значајни фактори како што се високата миграција и ниската понуда на недвижен имот. Цените на имот во Сиднеј ги достигнуваат оние на Њујорк и Париз, а според моменталната состојба, недвижниот имот во Лондон е поевтин од оној во Сиднеј, изјави Вилсон.
Поради ова, многу луѓе кои живеат во Сиднеј и Мелбурн, стравуваат дека никогаш нема да бидат во можност да си дозволат сопствен дом.
Од австралиската влада изјавија дека се подготвени да соработуваат со државната власт во Нов Јужен Велс, за решавање на овој проблем, додавајќи дека бројот на издадените дозволи за градба е значително зголемен.