Зголемување на приходите на германските домаќинства

Силниот пазар на труд и високите приходи, помогнаа финансиските средства на германските домаќинства да достигнат до 140 милијарди евра во првиот квартал од оваа година, што е рекорд досега. Средствата како готовина, хартии од вредност, депозити во банки и побарувања од друштва за осигурување, изнесува 53 милијарди евра, додека пак вредноста на акциите во инвестициските фондови достигнаа до 87 милијарди.

Германците сè уште покажуваат одбивност кон преземање ризици, па не ги користат предностите на ниските каматни стапки за да земат голем кредит. Вкупните обврски на домаќинствата кон банките се зголеми за само 0,2% во првиот квартал од годината. Најголем дел од кредитите Германците ги земале од домашните банки за да купат куќи.

Но, ова зголемување на приходите, не важи за сите германски домаќинства подеднакво. Имено, најновите студии покажуваат дека Германија е една од државите во еврозоната каде постои најголема нееднаквост меѓу граѓаните. Од развиените ЕУ држави, во Германија постои најголем јаз меѓу богатите и сиромашните.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија