Швајцарија има повеќе милионери отколку сиромашни

Во Швајцарија во 2021 година имало за една третина повеќе милионери отколку корисници на социјална помош.

“Бројот на милионерите во 2021 година во Швајцарија изнесувал 330.000, додека корисници на социјална помош имало 250.000″, изјавил потпретседателот на институцијата за социјална работа на Швајцарија, Феликс Волферс за весникот Тан.

“Проблемот е во тоа што од година во година се зголемува бројот на милионери и сиромашни”, додал Волферс.

Според зборовите на швајцарскиот експерт, бројот на богати и сиромашни ќе продолжи да расте со иста динамика и во периодот кој доаѓа.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија