Швајцарија има одлични патишта, но исто така е позната и по казни за голема брзина и тоа по казни со астрономски суми….
Во 2010 година, еден возач доби рекордна казна од милион долари, откако возел со брзина од 290 km/h, надминувајќи ја границата за цели 170 km/h!
Според локалниот закон, висината на казната се пресметува врз основа на сериозноста на сообраќајниот прекршок, но и платата на сторителот.
Бидејќи споменатиот возач управувал Mercedes SLS AMG, надлежните сметале дека е соодветна казна од еден милион.
Според магазинот „Motorad“, властите размислуваат да ги променат сегашните „тарифи“ за брзо возење, а доколку тоа се случи, таквиот потег може да ги погоди возачите ширум Европа.
Освен тоа, Швајцарците сериозно размислуваат за укинување на забраната за мотоспортот, која е на сила од 1955 година.
Воведен е по најстрашната несреќа во историјата на мотоспортот, што се случи на Ле Ман.
Загинаа возачот на Mercedes, Пјер Леве и 84 гледачи, а по оваа трагедија, Швајцарија реши да го забрани мотоспортот.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија