Во Швајцарија со мерак се оди и во затвор

Швајцарските власти објавија оглас за волонтери што би сакале да тестираат еден нов затвор што се отвора во Цирих. Претходно искуство не било предуслов на огласот.

Властите инстантно добија апликации од над 600 луѓе, тестирањето ќе трае од 24 до 27 март.

Затворениците на влез ќе треба да ги предадат сите своите електронски уреди вклучително и мобилни телефони.

На влез има опција за гол претрес, а избраните кандидати нема да можат да го префрлат своето место на друг.

Крајниот рок за пријавување на огласот е крајот на февруари, меѓутоа властите веќе добиле 600 апликации за 240 слободни позиции.

Директорот на затворот порачал дека кандидатите не треба да очекуваат „одморалиште“ меѓутоа и дека секој од нив ќе може да напушти кога ќе посака.

Објаснувањето зад тестот е за да се процени дека системот добро функционира а и персоналот да почне да се уигрува.

Новиот затвор е изграден по критиките за условите кои затворениците ја отслужуваат казната во кантонот.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија