Според статистичките податоци, невработеноста кај младите луѓе во Швајцарија се намали од 7,7% на 6,4%.
Мерките кои ги презема швајцарската влада, ги опфати оние на возраст меѓу 15 и 24 години, а резултатите беа очигледни – Швајцарија има најниско ниво на невработеност кај младите во Европа.
Вкупната стапка на невработеност на младите во ЕУ е 20,3%, при што Шпанија бележи ниво од 49,2%, а Грција 50,3%. Според податоците, во услови на економска криза, најмногу страдаат токму младите.
Па така, повеќето постари работници можат да ја избегнат кризата останувајќи на своите работни места, но за младите е многу потешко бидејќи нови вработувања во такви услови скоро и да нема.
Повеќе од 24 милиони луѓе во Европската унија се невработени, а речиси 5,2 милиони од нив се на возраст од 15 до 24 години. Во текот на подолг период, стапката на невработеност кај младите во Швајцарија беше 1% или помалку, иако таа бројка достигна ниво од 5,7% во текот на 1990-тите.
Сепак, Швајцарија останува држава со најмалку млади луѓе кои се невработени. Причината за ова експертите ја гледаат не само во силната економија на Швајцарија, туку и квалитетното образование кое обезбедува конзистентна и конкурентна работна сила, флексибилна на пазарот на труд.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија