Квебек ќе одобри 6.300 апликации за дозвола за постојан престој во Канада

Квебек неодамна повторно ја отвори QSW програмата (Quebec Skilled Worker Program) преку која 6.300 кандидати кои ќе се пријават на оваа програма, ќе добијат дозвола за постојан престој во Канада. Веста за повторното отворање на QSWP беше објавено минатата недела од страна на Службата за Државјанство и Имиграција на Канада (CIC), а започна од вчера.

Она што е важно за оваа програма е дека истата ќе функционира на принципот „прв – дојден, прв – услужен“. На овој начин, Квебек се надева дека ќе успее да ја врати довербата на потенцијалните кандидати во канадските програми за имиграција. Имено, многумина изразија незадоволство кон начинот на кој функционира федералната програма Express Entry, каде податоците се обработуваат, а потоа се селектираат кандидати кои исполнуваат најголем дел од барањата, а со тоа и добиваат поголем број на поени.

Во оваа програма на Квебек, ако барателот има право да аплицира и притоа достави комплетна апликација во рамките на временскиот рок утврден од страна на Владата на Квебек, истиот има голема можност да добие дозвола за постојан престој во Канада.

Пријавувањето за QSWP ќе се подели на два дела. Првиот рок за пријавување ќе трае од 4 ноември до 15 декември, а ќе се прифатат максимум 3500 апликации. Вториот рок ќе почне на 18 јануари, а ќе трае до 31 март 2016 година, при што ќе се одобрат 2.800 апликации.

Повеќе информации за оваа програма можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија