Цирих доби зграда за непушачи, прва од ваков вид во Швајцарија. Сите 40 станови во зградата веќе се продадени.
Сопствениците потпишале договор дека ниту тие, ниту пак нивните гости нема да пушат во зградата, а ако ги прекршат правилата, тие можат да бидат истерани од истата.
И додека некои граѓани сметаат дека ова а паметен потег, други граѓани и здруженија се на нозе, велејќи дека тоа е прекршување на правото на приватен живот и дискриминација на највисоко ниво.
Патрик Рерат, од Универзитетот во Лозана, не се согласува со ваквите тврдења. Имено, тој смета дека во Швајцарија пазарот на недвижности е заситен и има место за секого, а ваквите посебни видови на простор за живеење се само мал дел од тој пазар.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија