Швајцарците се прва, а Швеѓаните петта најбогата нација во светот

Според резултатите од глобална студија на Алијанц за проценување на богатството на државите, Швеѓаните се најдоа на четврто место во Европа, а на петто место во светот, веднаш зад Швајцарците, Американците, Британците и Белгијците.

Според извештајот кој ги мери паричните средства по глава на жител, Швеѓаните имаат просечно богатство од 82.920 €, односно 782.425 круни. Тука некаде се движеше и богатството на нордиските земји.

Швајцарија доминираше на листата, со богатство од неверојатни 157.450 евра по глава на жител. Покрај тоа, Швајцарците се покажаа како најголеми штедачи, а Швајцарија е земја која има најмал државен долг, со просек од 80.000€ по лице.
Веднаш зад Швајцарија следеше САД. Сепак, иако истражувањата покажуваат дека иако САД се најде на второто место според богатството, таму постои најголем јаз меѓу богатите и сиромашните, со разлика во приходите од дури 80,6%.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија