Шведска ќе ги покачи даноците во 2016

Доколку живеете во Шведска, од следната година можно е да плаќате поголем данок кон градскиот совет, во зависност од тоа во кој град и област живеете.

Од 290 општини во Шведска, 15 се изјаснија дека планираат да ги зголемат даноците од следната година. Во градското подрачје на Стокхолм, каде што жителите во моментов плаќаат данок со стапка од 30,53%, ќе се воведе покачување на стапката во висина од 0,22 круни. Ова значи дека на секои 100 круни од вкупниот данок, 0,22 круни ќе одат на сметка на градкиот совет. Поедноставно кажано, жителите на Стокхолм кои заработуваат 30.000 круни месечно, во следната година ќе треба да платат 50 круни повеќе.

Шведската асоцијација SKL претходно предупреди дека локалните власти би можеле да бидат принудени да ги зголемат даноците и во наредните неколку години, а ова се должи на стареењето на населението и зголемување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Шведска.

Сепак, даноците во повеќето од градските совети во Шведска, во 2016 година ќе останат непроменети. Меѓу градовите кои нема да ги зголемат даноците се најдоа и Гетеборг и Малме. Покрај тоа, пет општини не само што не планираат да ги зголемат, туку и започнале со намалување на даноците. Станува збор за Ханинге (со намалување од -0,10 круни), Салем (-0,25 круни), Вармдо (-0.05) и Остерокел (-0.5 круни).

А каде во Шведска ќе се зголемат даноците од следната година? Еве ја листата:
Халсберг – 0.5 (круни)
Хорби – 0.6
Јарфела – 0.15
Лома – 0.4
Малунг Селен – 0,5
Мотала – 0,5
Норшопин – 0,5
Оскаршам – 0.75
Стафансторп – 0.35
Стокхолм – 0.22
Упсала – 0.3
Вадстена – 1.25
Винделн – 0,5
Вернамо – 0.4
Оребро – 0,5
Округот на Норботен – 1.16
Округот на Упсала – 0.55
Округот на Вестернорланд – најмалку 0,5

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија