Шведска ќе им помага на домаќинства околу сметките за струја

Шведска ќе им помогне на домаќинствата најтешко погодени од поскапувањето на струјата, изјави во средата министерот за финансии Микаел Дамберг, додавајќи дека владата издвоила помош од шест милијарди круни (584 милиони евра).

Владата ќе ги покрива трошоците за струја за погодените домаќинства три месеци, почнувајќи од декември, со најмногу 2.000 круни месечно по домаќинство.

Тие додаваат дека со подготвената сума ќе бидат покриени трошоците на околу 1,8 милиони домаќинства.

„Ова се итни мерки“, рече Дамберг.

Цените на струјата во Шведска пораснаа во последните месеци, особено на југот, иако поблаго отколку во многу други делови на Европа.

Шведска произведува електрична енергија главно во домашната хидроенергија, нуклеарните реактори и ветерниците, а гасот се вади од домашните бунари, но цените се диктирани од меѓународните пазари, што значи дека зголемувањето на цените влијае и на шведските потрошувачи, забележува Ројтерс.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска