Веројатно многу луѓе кои патувале преку граница имале проблем и потоа биле вратени од граничниот премин.
Во такви ситуации, печатот во пасошот се прецртува со пенкало и во долниот десен агол се додава буква од англиската азбука од А до I. Сепак, секоја буква од А до I има свое значење.
Значењата се следниве:
А – лицето не поседува валиден документ,
B – лицето има невалидна или фалсификувана патна исправа / пасош
C – лицето нема важечка виза или дозвола за престој,
D – лицето има лажна, преправена или фалсификувана виза,
Е – лицето не поседува документи со кои ќе ја докажи посетата,
F – лице го надминало престојот од 3 месеци во последните 6 месеци,
G – лицето нема доволно средства за егзистенција,
H – на лицето му е забранет влез во Шенген зоната
I – лицето претставува закана за јавниот ред, здравјето и безбедноста на една или повеќе членки на Европската Унија.
Покрај ознаките на печатите во форма на букви, може да се појави ознака како што е прикажано на следната фотографија, што претставува поништување на печатот во вашиот пасош:
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.