Што можете да пренесете преку граница без да платите царина, ДДВ и акциза

Правилата и ограничувањата во патнички промет во Република Македонија, се регулираат со Царинскиот закон. Mакедонските и странските државјани се  ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за следното:
• стока за лична употреба во текот на престојот (личен багаж)
• преработки од тутун:
–  200 цигари, или
–  100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или
–  50 пури, или
–  250 грама тутун за пушење, или
–  сразмерна количина на различни преработки на тутун
• алкохол и алкохолни пијалоци:
–  дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1  литар или
–  дестилирани и алкохолни пијалоци и ап  еритиви со винска или алкохолна  основа со процент на алкохол  што не надминува 22%: 2 литри и
–   вино: 2 литри и
• парфеми: 50 мл
• тоалетна вода: 250 мл.

Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години. Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолни пијалоци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија