Пресметките кои ги спроведе ADAC се темелат на просечен период за одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 км.
Едно од клучните прашања за електричната мобилност е, дали компактните автомобили на струја како „волксваген ID.3“ е поевтин за возење од „голф“? Конкретните модели се земени како пример, но трошоците за купување и одржување се она што ги мачи потенцијалните купувачи.
Германскиот авто-клуб ADAC ги стави сите трошоци на хартија и го прогласи победникот.
Повисоките трошоци за купување електричен автомобил во германија (ID.3 36.960 евра, „голф“ бензинец 32.460 евра) се надокнадуваат со други трошци како што се осигурување, данок на возилото, трошоци за одржување и поправки, трошоци за гориво и струја.
Во вкупната пресметка забележителни се релативно пониски трошоци за одржување и работа на електричните автомобили. VW ID.3 чини 47,2 центи по километар, а „голф“ е речиси 10 центи поскап односно 56,9 центи по километар.
ID.3 на крај испаѓа поевтин. Ако се земе предвид и германскиот еколошки бонус при купувањето ID.3 од 9.000 евра, кој сепак би требало да се намали во наредните години – купувањето електричен автомобил испаѓа околу 5.000 ерва поевтин од бензинец.
Тоа, исто така, влијае на губитокот на вредност на возилото, кој е помал и според ADAC, најголем фактор во трошоците.
Пресметките кои ги спроведе ADAC се темелат на просечен период за одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 км. Со оглед на тоа дека цените на горивата во моментот варираат, за анализа е користен просекот од последните три месеци во Германија.