Што кога ќе добиете отказ?
Се поголем е бројот на оние кои добиваат отказ, па затоа е важно да се знае што да се прави во овој случај. Прво треба да се провери дали работодавачот воопшто може да го отпушти работникот.
Отказот е неважечки ако го добијат:
- вработени кои служат воена или цивилна служба во траење повеќе од 11 дена
- вработени кои отсуствуваат од работа поради несреќа или болест што не ја предизвикале самите, но можат да добијат отказ, ако:
– во првата година од вработувањето имаат боледување повеќе од 30 дена тогаш работодавачот има право да им даде отказ без никаков проблем,
– вработени со стаж од 2 до 5 години доколку отсуствуваат повеќе од 90 дена
– вработени 6 и повеќе години стаж доколку отсуствуваат повеќе од 180 дена - жени за време на бременост и 16 недели по породувањето.
Постојат откази кои вработените ги добиваат кога се борат за своите или интересите на другите вработени на работното место, ако го почитуваат договорот за работа или ако укажуваат на неправилности во компанијата, ако добијат отказ поради политички убедувања или поради бојата на кожата или религијата.
Во овие случаи работниот однос престанува, но работникот може да бара надомест од работодавачот доколку докаже дека е отпуштен поради една од горенаведените причини. Работникот мора писмено да се пожали до работодавачот (т.н. Einsprache) пред да му истече отказниот рок. Доколку работодавачот и работникот не се договорат или работодавачот не одговори на писмениот приговор, работникот може да поднесе жалба до судот за работни односи во рок од 180 дена по завршувањето на работниот однос. Судот може да му досуди најмногу 6 месечни плати за отштета.
Доколку отказот е валиден, треба да се земе предвид следново:
- Почнете да барате работа веднаш. Ова е важно бидејќи невработените ќе треба да докажат дека активно бараат работа кога ќе аплицираат во RAV. Се очекува секој невработен писмено да аплицира за 10 до 12 слободни работни места месечно. Во спротивно се последиците од т.н. „Einstelltage“, односно секој ден одговара на една дневница добиена од заводот за невработени. Доколку некој воопшто не бара работа во отказниот рок или не може да докаже дека барал работа, може да смета дека фондот за невработеност нема да му исплати од 8-12 дневници.
- Се препорачува да испратите известување до RAV (Регионален центар за посредување за барање работа) веднаш штом ќе бидете отпуштени. Оној што ќе остане без работа така може навремено да се информира за сите негови права и обврски, а фондот за невработени ќе има доволно време да ги прегледа и навремено да му ги пресмета дневниците. Невработените можат да изберат од кои фискални каси ќе добиваат дневници. Право имаат сите оние кои биле вработени најмалку 12 месеци во последните 2 години и платиле придонеси за осигурување во случај на невработеност (AL) и лица кои можат да работат најмалку 20%.
Висината на дневниците зависи од висината на осигурениот приход. Основица за пресметување е платата за последните 6 месеци или за последните 12 ако така е поповолно. Највисоката осигурена плата е 10.500 франци, додека оние под 500 франци не се осигурани. Платата се претвора во дневници кои се добиваат со делење на осигурената плата со бројот 21,7.
Сите оние кои треба да издржуваат деца, лицата со делумна попреченост или оние за кои дневницата би била помалку од 140 франци добиваат 80% од претходно пресметаните дневници, а сите останати 70%.
- Секој е отпуштен по негова вина или сам ќе даде отказ, а претходно нема најдено нов работодавач, може да смета на намалување на бројот на дневници за невработени за 30 до 40 дена.
- Невработените лица мора редовно да се јавуваат во RAV секој месец. Доколку не ги почитуваат роковите им се намалува бројот на дневници. За првото нејавување ќе им се намалат меѓу 5 и 8 дена, за второто меѓу 9 и 15 дена, а доколку трет пат не се пријават ќе се испитува понатамошното примање дневници. Во случај на оправдана пречка да одат на интервју за RAV, тие мора да се пријават.
- Сите невработени регистрирани во RAV мора редовно да ги посетуваат курсевите на кои RAV ги испраќа, во спротивно ќе се намали бројот на дневници. На пример, непосетувањето на четиридневен курс го намалува бројот на дневници за 4.
- Невработените во принцип мора да ја прифатат секоја работа што им ја нуди RAV, дури и ако тоа не одговара на нивното образование или платата е помала, доколку сакаат да избегнат намалување на бројот на дневници, за прво одбивање помеѓу 31-45 дневници, со повторено одбивање од 46 до 60 дневници.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико