Во земјата на Викинзите, младите ги учат да бидат во шума, да прават стрели, да се запознаваат со животинките и растенијата. Во земјата на комитите и гемиџиите, знаете, младите ги учат да си бојат половите органи и им даваат награда за најдобри гради.
На младите им требаат училници. На младите им требаат книги. Им треба и безбедно место за учење. Во Данска овие педагошки пароли се преведени како „Одиме во шума!“
10% од младите во земјата кои се на претшколска возраст посетуваат таканаречени шумски градинки. Таму се и кога врне, таму се и кога е минус 20 степени, под надзор на педагози кои учеле високи школи за човечкиот развој.
Калливи, извалкани, шлапаат по бари, си помагаат да се искачат на ридче… Како најнормално, им даваат и остри ножеви во рака. За од најмали нозе да научат дека ножот е алатка, а не оружје.
Што се заебаваме ние?