Доаѓањето во Германија значи огромна промена. Промена во местото на живеење, животната средина, климата – но честопати ова значи и драстична промена во работата и кариерата.
Kои се најчестите почетни работни места во Германија? Кои работни места не е тешко да се најдат и кои позитивни и кои негативни аспекти можете да ги очекувате од нив?
Работа на градилишта, помошни работни места и квалификувани работни места
Што е добро?
- Брзо и лесно е да се најде – секој знае некој што работи на „бауштела” и работата е договорена од дома.
- Често може да се добие сместување „во пакет“.
- Се плаќа подобро од другите почетни работни места. Особено ако сте подготвени да работите напорно.
- Често имате на располагање автомобил од фирмата.
- Долги паузи во текот на зимата.
Што е лошо?
- Долго работно време, честопати се работи и сабота. Не остава време и енергија за курсеви, како што е германски јазик.
- Соработниците се главно „ауслендери”, нема да научите германски јазик толку брзо и проширувањето на кругот на познаници не е лесно.
- Не дава можност за напредување.
- Често опасна работа.
- Со сместувањето сте врзани за работодавецот.
- Овие зимски одмори се бесплатни, но технички не работите, т.е. нема работен стаж за тоа време.
Работа во ресторани за брза храна, Мекдоналдс, Бургер Кинг
Што е добро?
- Работата се наоѓа брзо.
- Разновидни колеги – погодно за учење јазици и проширување на кругот на познаници, особено ако контактирате со клиенти.
- Редовно работно време – поволно за планирање курсеви и други активности.
- Можност за напредување.
- Храна (топол оброк) обично е вклучена.
Што не е во ред?
- Многу ниско платени, стандардизирани работни места.
- Како работник сте навикнати на максимум.
- Несигурна работа со честа флуктуација на вработените.
- Работно време во смени.
Работа во „наши“ ресторани, кујни, како „Spüler”, келнер, итн.
Што е добро?
- Слично како на градилиште, работата се наоѓа брзо, дури и од дома.
- Сместувањето е често вклучено.
- Можност да научите и да напредувате за друга работа во гастрономијата.
- Најчесто е вклучена храна (топол оброк).
Што не е во ред?
- Слабо платена.
- Со сместувањето сте врзани за работодавецот.
- Сите вработени се наши – не е најдоброто опкружување за учење јазик.
- Работното време е обично двократно.
- Не остава време за други активности, курс по германски јазик итн.
Работа во фирми за чистење
Што е добро?
- Работата се наоѓа брзо.
- Разновиден опис на работата.
- Можност за работа и разговор со клиенти.
- Често рутинска, независна работа.
- Флексибилно работно време.
Што не е во ред?
- Вие работите сами или колегите се претежно странци. Нема да научите германски јазик толку брзо.
- Платата е мала.
- Може да биде физички напорно.
- Работа со опасни хемикалии.
Работа во хотели како собарка или чистачка
Што е добро?
- Работа за германска или интернационална компанија.
- Разновидни колеги и „чувството“ на голема компанија.
- Преку контакт со меѓународни и германски гости може да се научи јазикот.
- Можност за сместување.
- Планирано работно време.
Што не е во ред?
- Повторувачки, стандардизирани работни места.
- Работа во смени, секој ден од годината.
- Најчесто многу мала плата.
Помошни работници во фабрики „Anlernkraft”
Што е добро?
- Работни места во германската индустрија, најмногу во јаки компании со традиција како MAN, BMW…
- Планиран работен ден.
- Разновидна средина, одлична за учење јазици и „занаети“.
- Можност за докажување и унапредување.
- Кантина.
Што не е во ред?
- Работа во смени.
- Непривлечни работни места – го работите она што другите не сакаат.
- Честопати надвор од градот, затоа мора да се патува на работа.
- Ниски почетни плати.
- Најчесто „subunternehmen“ (подизведувачи).
Помошни работници во магацин, „Lagerhelfer“
Што е добро?
- Работни места може да се најдат брзо, особено ако имате искуство, возите виљушкар итн.
- Плата подобро од другите почетни работни места.
- Можност за школување.
Што не е во ред?
- Физички напорна работа.
- Работа во смени.
- Ризик од повреда при работа.
Работа преку „Zeitarbeit“ или „Arbeitnehmerüberlassung“
Што е добро?
- Ако сте физички во добра форма многу е лесно да се вработите,
- Можност за работа и стекнување искуство во големи компании.
- Не дава можност за школување и специјализација затоа што секогаш правите нешто друго
- Ве третираат како „ресурс“, а не како личност
Асистенти негователи (Präsenzkaft) – во дом за стари лица
Што е добро?
- Дефицарна професија и зголемена побарувачка за вработување
- Не е потребна завршена медицинска обука
- Добри шанси за учење и напредок,
- Можност за полесно сместување
Што не е во ред?
- Малку потешко да се најде
- Физички и ментален стрес
- Работа во смени, секој ден од годината
- Грижата за другите не е за секого
Доставувачи на пакети
Што е добро?
- Работните места лесно се наоѓаат, особено пред Божиќ
- Самостојна работа
- Во зависност од местото на работа и рутата, може да биде и лежерна, рутинска работа
- Ако не работите за подизведувач често сте дел од големи компании кои редовно ги подобруваат работничките права (DHL)
Што не е во ред?
- Потребна е возачка дозвола и знаење за управување со комбе
- Многу стресно, во зависност од денот и рутата
- Повторувачка активност, правејќи нешто слично секој ден
- Многу работа, особено пред празниците
- Платата е лоша во однос на работата и одговорноста
- Претежно сте сами и немате со кого да зборувате германски
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.