Граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, можат да аплицираат за шестмесечен престој во Шведска по завршување на студиите, со цел да бараат работа. Доколку најдат, можат да аплицираат за работна дозвола и да останат да живеат во Шведска. Информации за добивањето на работна виза чекор по чекор, можете да прочитате овде.
Еве 10 совети кои ќе Ви помогнат во наоѓањето работа во Шведска:
1. Регистрација во Центарот за кариера при Вашиот универзитет
Првата станица од наоѓањето работа во Шведска треба да биде во посета на Центарот за кариера при Вашиот Универзитет. Ваквите центри нудат широк спектар на услуги за да Ви помогнат во барањето работа: советување за насоката во Вашата кариера, помош во изработка на Вашето CV и мотивационо писмо, семинари и работилници, обуки за интервју за работа и слично. Центрите за кариера исто така ги следат и огласите за слободни работни места, прокети и слично.
2. Посета на саеми за вработување
Шведските мултинационалните компании како Volvo, IKEA и Skanska, големи национални банки, работодавачите во јавниот сектор и многу други компании, редовно организираат саеми за вработување. Преку овие саеми, Ви се нуди можност да дознаете нешто повеќе за компаниите, да остварите контакт со работодавачите, но и да учествува во интервјуа и корисни семинари. Важно е дека сте бидете подготвени: да го понесете Вашето CV во голем број на примероци, за да можете да го оставите во оние компании за кои сте заинтересирани. Исто така, можете да оставите Ваша e-mail адреса за follow-up пораки на компанијата кои би можеле да бидат многу корисни.
3. Научете шведски
Точно е дека речиси сите во Шведска зборува англиски јазик и лесно можете да ги поминете Вашите студии во оваа земја без да знаете ниту еден збор на шведски. Некои големи компании, дури и дел од шведските фирми, како официјален јазик на користење го имаа англискиот. На нивните огласи ќе прочитате дека познавањето шведски јазик не е потребно. Сепак, доколку го зборувате овој јазик, ќе Ви се отворат многу врати кога станува збор за наоѓање на работа и градење на социјалниот живот. Дури и ако аплицирате за работа која бара одлично познавање на англиски, вашата способност да зборувате шведски ќе Ве направи поквалификуван. Повеќето универзитети нудат курсеви по шведски за странски студенти.
4. Стажирајте
Праксата може да биде одличен начин да се здобиете со релевантно искуство и да ја изградите својата професионална мрежа. Дури и ако конкретната пракса не води директно до понуда за работа, сепак ќе се стекнете со искуство кое ќе Ви биде од голема корист во Вашето CV. Обидете се да најдете опции преку меѓународните студентски организации, како што се AIESEC и IAESTE. Исто така, можете да си ја испробате среќата преку директно аплицирање за пракса во конкретната компанија.
5. Работа со скратено работно време во текот на Вашите студии
Работа со скратено работно време во текот на вашите студии може да послужи како отскочна штица за Вашата кариера. Конкуренцијата за ваква работа може да биде жестока, па треба да бидете упорни.
6. Вклучете се во студентска унија
Студентските униии имаат широк спектар на активности кои самите ги организираат и можат да Ви понудат многу можности за работа.
7. Напишете ја Вашата завршна теза за некоја шведска фирма
Ова може да биде одличен влез на пазарот на труд. Ќе добиете драгоцено искуство, идеи и контакти. Многу универзитетски програми имаат силни врски со големи компании, а често предлозите за теми на проекти се објавени и на веб-сајтовите на универзитетите.
8. Приклучете се кон синдикат
Синдикатите имаат силна позиција во Шведска. Ако се приклучите во некоја ваква организација уште како студент, можат да Ви бидат од голема помош за наоѓање работа. Многу од нив имаат специјални понуди за студенти, вклучувајќи и услуги како насоки во кариерата или изработка на CV. Тие исто така можат да Ви дадат совети за преговорите околу платата, а кога ќе најдете работа, можат да Ви помогнат во регулирање на Вашите права. Трите главни синдикати во Шведска се SACO, TCO и LO, секоја составена од поголем број на индивидуални синдикати, претставувајќи најголем дел од професии во оваа држава. Посетете го нивниот веб-сајтови за да го најдете синдикатот за Вашата област. Повеќе за Вашите права како работник во Шведска можете да прочитате тука.
9. Директен контакт со работодавците
Кога ќе ги погледнете огласите на шведските работодавци, ќе забележите дека истите вклучуваат и податоци за контакт каде секој може да праша нешто што го интересира. На Вашите прашања одговараат вработени кои често директно се вклучени во одлучувањето за тоа кој ќе ја добие позицијата. Ова може да Ви биде од голема помош доколку успеете да ги импресионирате.
10. Планирајте навреме
Конкуренцијата на пазарот на труд во Шведска е огромна. Студентите често бараат работа уште пред да ја добијат дипломата во рака, па затоа пожелно е однапред да го испланирате секој Ваш чекор. Притоа не заборавајте да аплицирате за работна дозвола во догледно време.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска