2.2.1959, Урал Планина се случи една од најчудните мистерии некогаш. Таа ноќ, нешто ги уби деветте скијачи. Доказите околу телата уште повеќе беа збунувачки, па дури некои и настанов го поврзаа со паранормалноста. Овој случај беше класифициран како Топ Тајна, а туристите и посетителите беа строго забранети во оваа област.
Скијачите биле студенти од Политехничката институција и нивната цел била да се вклучат во скијачка експедиција на северен Урал. Деветте скијачи биле предводени од Игор Дијатлов:
Откако експедицијата не се врати на очекуваната дата на 12 февруари, 1952, уплашените фамилии контактираа со локалните служби за помош. Полицијата и армијата, заедно со професорите и други студенти се вклучија во потрагата.
Напуштениот камп на групата бил откриен на 26 февруари и откривачите одма знае дека нешто ужасно се случило.
Шаторот бил исечен и распарчен, а внатре биле сите работи како чизми на скијачите. Филмови (оние за камера) и дневници биле најдени наоколу.
На снегот можеле да се видат траги од стапала од скијачите, некои биле скроз боси, а некои со чорапи, кои воделе околу 500 метри далечина од шаторот и потоа исчезнале. Било смрзнувачко ладно, па одењето боси на -30 степени сигурно би ги убило.
Првите две дела најдени биле Јури Кривониченко и Јури Дорошенко. Двајцата биле најдени мртви, боси и по нивната долна облека. Биле најдени одма до бор на работ на шумата. Се претпоставува дека тие направиле мал камперски оган бидејќи биле најдени куп гранки околу нив.
Игор Дијатлов, Зинаида Колмогорова и Рустем Слободин биле следните тела што биле најдени. Биле најдени измеѓу работ на шумата и кампот и се мисли дека тргнале накај кампот. Черепот на Слободина бил напукнат, но хипотермијата била утврдена како главна причина за смртта.
Два месеца биле потребни за да се пронајдат и останатите четири тела. Николај Бригнол бил пронајден со скршен череп. Лудмила Дубинина и Александар Золотарев имале скршени ребра. На Лудмила исто така, и бил исечен и јазикот.
Истражувачите веруваат дека домородните Манси луѓе биле одговорни за овие грозоморни смртни случаи, но набрзо ова било отфрлено. Докторите биле запрепастени дека немало други повреди освен споменатите и од силата која била еднаква на сообраќајка. Исто така, друго нешто што се забележало била облеката. Некои од скијачите немале облека, а додека пак на некои им била разменета. На пример Золотариов ја носел бундата на Дубинина, а едната чизма била замотана на панталоните на Кривонишенко
Уште почудно, одреден степен на радијација било најдено на облеката на жртвите. Пет жртви имале длабока портокалова дупка на нивната кожа.
Ни фамилиите неможеле да си ги објаснат појавите. Никакво објаснување не било дадено, па владата го затворила случајот.
Од кога случајот бил затворен, друг чуден детаљ излегол на виделина. Сведоштвото тврдело дека 50 километри од кампот виделе чудни портокалови кругови на небото тој ден.
Други теории биле објавени за што им се случило на скијачите. Лавината била отфрлена бидејќи шаторот бил над снегот и стапките биле видливи на снегот. Останува прашањето зошто шаторот бил исечен од внатре и зошто жртвите патувале скоро голи и боси.
Други теории се дека областа била тест воена зона, па индивидуите биле случајно убиени. Но, владата негирала било каков воен тренинг или тест.
Други пак, веруваат дека ова можеби е и најцврстиот доказ дека сме биле посетени од НЛО. Исечен јазик, длабоки портокалови дупки и портокалови кругови на небото се аргументи за ова верување.
Како и да е, вистината никогаш нема да излезе за тоа што им се случувало на деветте млади скијачи таа февруарска ноќ. Но, едно е сигурно дека тие никогаш нема да бидат заборавени. Местото каде што скијачите ја поминале нивната последна ноќ, официјално е именувама како преминот на Дијатлов.