Нашата татковина е срцето на Балканот, но низ историјата било и срцето на Европа. За тоа сведочат бројните археолошки ископини, но и природните богатства, на кои сите ние треба да бидеме горди.
Христијанството во Европа е дојдено преку Македонија. Кога на Св. Павле му се сонило дека треба да го шири Христијанството тој заминал за Европа и прво дошол во Македонија. Првата жена на европско тло која го примила христијанството е македонката Лидија.
Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала црвени ткаенини. Токму црвената боја станала сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и востаничките знамиња.
1. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.
2. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот.
Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)
3. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
4. Најстаро дрво во Македонија- Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот.
Расте од времето на Св.Климент Охридски – 9 век.
5. Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години.
Докази се Неолитската тумба во Чаир, а покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
6. Еден од преживеаните од Титаник е Македонец.
Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
7. Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво
8. Македонија има света ќерка …
Мајка Тереза од Калкута, која папата Френсис ја прогласи за светец, е родена во Скопје во 1910 година. Таа важи за една од најхуманите луѓе во нашето општество и нејзините дела биле наградувани од најголемите светски лидери. Денес, има и статуа на неа и музеј посветен на нејзиниот живот во центарот на градот Скопје.
9. … и голем син
Александар Македонски, некогашниот крал на Кралството Македонија, беше првиот освојувач на светот, кој го прошири царството низ Грција и Персија во Индија и Египет. Во центарот на градот Скопје се наоѓа статуа која е висока 28 метри, тежи 30 тони и чинела околу 9,4 милиони евра.
10. НАСА е фан на Македонија
Кокино, на север од земјата, е една од четирите најстари опсерватории на светот, што е призната и од НАСА и датира од 19 век п.н.е. Напишан е на “ориентирана” листа на заштита на УНЕСКО. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain и Angkor Wat Cambodia. Помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години, која е посовремена од Кокино.
11. Пештерата Пешна во Македонски Брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.