Интересни факти за Италија кои не сте ги знаеле

Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери. Па доколку сè уште не сте биле во Италија, но би сакале да ја посетите, следниве неколку работи би ви овозможиле да научите нешто повеќе за оваа воодушевувачка земја.

1. Никој не знае зошто и од каде Италија го добила името.

Името потекнува од зборот italia што значи земја на млад добиток, а се претпоставува дека тоа е поради бикот кој бил симбол на племињата од Јужна Италија.

2.Италија е меѓу првите пет земји со најголема населеност во Европа.

Според последните пресметки, во Италија живеат 59.830.000 жители.

3. Само во Рим има преку стотици фонтани

Околу 50 големи и небројно многу мали фонтани, не вклучувајќи ги т.н. nasoni кои ги користат пешаците. Најстара и меѓу најубавите е фонтаната Треви, која датира уште од 19 век п.н.е., а за која постои легенда која вели дека секој што ќе фрли париче во неа, еден ден повторно ќе се врати во Рим.

4.Највисокиот врв во Западна Европа се наоѓа во Италија.

Монблан (во превод бела планина) е дел од Алпите и е со највисокиот врв во Западна Европа – 4.810 метри.

5. Пастата не се послужувала со сос од домати дури до 1600 година

Пред 1600 година, пастата се јадела со мед и шеќер. Денес постојат повеќе од 500 видови паста низ цела Италија, а се смета за навреда доколку побарате кечап во ресторан.

6. Доколку сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го донесе, да му оставите пристоен бакшиш. 

Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.

7. Италијанците имаат различно гледиште за оддалеченост

За околу 10 часа, можете да ја поминете цела Италија од југ до север, бидејќи се работи за оддалеченост од само 1.170 km.
Затоа, ставот за оддалеченост овде е многу поразличен од другите земји, па така, 200 km или 2 часа од Милано до најблиската плажа, за нив е многу долго патување.

8. Во Италија жените не се брзаат да родат дете

За Италијанците да донесат одлука за дете треба да помине малку подолго време, бидејќи според европски статистики, просечна возраст на која жените првпат стануваат мајки е 31 година.

Таму поголеми се случаите на мајки кои раѓаат деца на 40 години, отколку на 20, а пример за тоа е и Моника Белучи, која првпат стана мајка на 39 години.

9. Италијанците исто така се венчаат подоцна

Многу често, Италијанците одлучуваат да се регистрираат дури откако веќе живеат заедно и имаат дете.

10. Бидето е неопходна компонента во хигиената на Италијанците

Ретко може да се најде бања без биде, а истото важи дури и за хотелите со 1 ѕвезда.

Интересно е и тоа што производителите на детски производи, нашле начин да го претворат бидето и во мијалник за деца.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија