90 евра казна за возење по апостолки

Кога една Французинка била сопрена од полиција во југозападното гратче Тулуз, не ни замислувала дека ќе добие казна затоа што носи апостолки.
„Ми ги проверија документите и сè беше во ред. Но, потоа полицаецот ми рече дека е должен да ме казни, зашто не смеам да носам такви чевли. Прво мислев дека се шегува, но на крај дома си заминав со парична казна од 90 евра.“

Полицаецот ја известил дека ова правило е дел од пакетот нови прописи за возење донесени на 1-ви јули, со кои исто така се забранува носење слушалки на уши додека возите.

Во Франција според правилата во R412-6, возачите мораат секогаш да бидат во позиција во која ќе имаат добро видно поле и ќе можат без проблем да управуваат со возилото. Досега најчесто казните од овој тип биле доделувани поради јадење сендвичи, пушење цигари, па дури и ставање шминка. А во март 2014 година, судот во Корзика пресуди дека е забрането да се вози и по високи потпетици.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија