Услови за добивање на австралиска виза

Според информациите кои ги дава австралискиот Институт за човекови ресурси, 7 до 10 работодавачи во Австралија се соочуваат со дефицит на квалификувана работна сила, а 85% од нив смета дека имиграцијата на квалификувани работници е неопходна за успех во работењето на нивните компании.

Работа во Австралија:

Постојат неколку начини да почнете да живеете и да работите во Австралија, а секако еден од најдобрите начини е да добиете виза на Независен квалификуван работник . Што значи тоа?

Како што веќе е споменато, Австралија дури и во тешки услови и пад на економијата се соочува со дефицит на квалификувана работна сила. Поради тоа, австралиската Влада има уредено програм за имиграција на работници како би ги задоволила економските потреби. Во согласност со тој програм, оформена е листа на дефицитарни занимања, кои имаат предност при вработувањето во Австралија. При тоа, ако вашето занимање одговара со некои од занимањата на листата, шансите за добивање на виза ви се значително зголемени без при тоа за вас да мора да гарантира некој роднина, работодавач или државна или територијалната влада. Интересно е дека на листата на дефицитарни кадри се наоѓа и широк спектар на: сметководители, менаџери, инжинери, медицински работници, до тесари, бравари и водоинсталатери.

Сепак, за да одговорите на потребите за добивање на работна виза, освен што вашето занимање е на листата дефицитарни, мора да поседувате адекватно знаење на англиски јазик потвредно со IELTS тест, мора да сте на возраст од 18 до 50 години, да имате 3 години минимум работен стаж во својата струка или занимање слично на онаа за кое сте образовани, одобрена проверка на вашите вештини од страна на одговорно тело за проверка на работните способности, минимум 60 поени на бодовниот тест за квалификувана миграција и добро здравје.

Во случај да располагате со сите перформанси кои ги побарува визата за независен квалификуван работиник, до имиграциониот одбор мора да пратите ”Писмо за изразување интерес (Expression of interest – EOI), во кое ќе наведете кои се вашите квалификаии, а на основ на оваа писмо, австралиската Влада ќе ве повика да аплицирате за виза во рок од 60 дена од моментот кога ќе го добиете повикот, но во случај да ги задоволувате потребните квалификации.

Номиниран квалификуван работник

Друг начин да добиете виза и работа во Австралија е да добиете виза за Номиниран квалификуван работник, при што за вас ќе гарантира територијалната влада или резигнираното подрачје. И кај оваа виза мора да имате квалификации според Консолидираната листа на занимања, која се состои од занимања кои се потребни на некои држави. И оваа листа опфаќа широк спектар на занимања а на неа се наоѓаат дури и пеачи, забавувачи, уметници итн.

Резигнираните подрачја кои моментално спонзорираат вработување на страни имигранти се Викротиа, Јужна и Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Куинсленд и Северна Територија. На државите кои може да ве номинираат можете слободно да им се обратите, и од нив да добиете информации за потребните занимања, а потоа во апликацијата да наведете што сакате да работите во таа држава. И за ова листа ќе би биде потребно работно искуство од минимални три години, а во државата која ќе ве номинира ќе морате да поминете минимални две години.

457 виза

Работа во Австралија може да добиете доколку најдете и работодавец. За да добиете виза на спонзориран работник, за вас мора да гарантира работодавач кој веќе е регистриран како проверен спонзор и кој може да ви понуди работна позиција. Со тоа подобро за вас, ако вашите квалификации одговараат со квалификациите од листата за дефицитарни работници. Работодавачот не мора да го барате сами, но може да се случи самата држава да ви пронајде работа на основ на вашето писмо и квалификациите, но ако го пронајдете сами, шансите за вработување ви се значително поголеми.

На крај, сакаме да потенцираме дека, иако можеби пронаоѓањето на работа во Австралија на некого му се гледа како невозможна мисија, обидот да се најде работодавач кој ќе ви даде работа е сигурно подобар од тоа да седите дома со скрстени раце. Освен тоа, сигурно на интернет ќе пронајдете наши луѓе кои одамна имаат отпатувано таму и кои би биле можеби од корист да ви помогнат со давање полезни информации. Затоа, тастатурата пред вас и само напред.

Линкови од текстот

Независен квалификуван работник

http://www.immi.gov.au/Visas/Pages/189.aspx

Дефицитарни занимања

http://www.immi.gov.au/skilled/general-skilled-migration/pdf/sol.pdf

Тело за проверка на работните способности

http://www.immi.gov.au/Work/Pages/skilled-occupations-lists/assessing-authorities.aspx

Бодовниот тест за квалификувана миграција и добро здравје

https://www.acacia-au.com/skilled-migration-points-test.php

Номиниран кв. работник

http://www.immi.gov.au/Work/Pages/SkillSelect/SkillSelect.aspx

Консолидирана листа на занимања

https://www.acacia-au.com/csol.php

Спонзориран работник

http://www.immi.gov.au/Visas/Pages/457.aspx