Ангела Меркел осудена за односот кон пакистанското девојче

Германската канцеларка Ангела Меркел деновиве е мета на критики поради нејзиниот остар одговор кон девојче од Палестина. Имено, Меркел беше во посета на едно училиште во Росток каде имаше свое обраќање, а потоа разговараше со учениците. Меѓу нив беше и Палестинката Рим, која во Германија живее 4 години и течно зборува германски. Таа ѝ кажала на Меркел дека нејзиното семејство наскоро ќе биде депортирано, бидејќи во Германија дошле со дозвола за привремен престој.

„Имам цели како сите други деца. Сакам да учам и да студирам во Германија. Многу е непријатно да се види како другите можат да уживаат во животот, а јас не можам“, рекла Рим, на што добила одговор од Меркел дека политиката е тешка работа.
„Разбирам, ти си мило девојче, но политиката е понекогаш тешка. И самата знаеш дека во палестинските бегалски кампови има стотици други како тебе. Неизводливо би било ако им кажеме на сите дека може да дојдат“, одговорила Меркел.
Кога Меркел забележала дека девојчето се расплакало, се обидела да ја утеши, но тоа не помогнало.

Поради ова, Меркел ја разлути јавноста и беше осудена за ладниот однос. „Злобна и бесчувствителна“ се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=Ji0D_aSUG8A

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија