Колку добро ја познавате Швајцарија?

Во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат во октомври, Швајцарската радиодифузна корпорација изработи апликација преку која корисниците можат да го тестираат своето знаење за Швајцарија.

Апликацијата по име Politbox е достапна на англиски, германски, италијански, француски и реторомански, а се состои од најразлични прашања поврзани со Швајцарија – од култура, јазици и историја, па сè до политички скандали.

Сè до 18-ти октомври кога треба да се одржат изборите, апликацијата ќе биде дополнувана со најнови информации и вести. Politbox е достапен за iOS и Android телефони.

politbox-aplikacija

 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија