Берлин расте двојно побрзо од очекуваното

Берлинскиот сенат во понеделникот изјави дека главниот град е во пораст со двојно побрзо темпо од очекуваното. Андреас Гајзел кој е одговорен за развојот на градот, изјави дека до 2019 година, Берлин ќе ги достигне очекувањата кои според претходните прогнози, требаше да се остварат дури во 2030 година.

Само во 2014 година, населението на Берлин се зголемило за 44.700 луѓе.
„Растот на нашиот град е голем благослов“, рече Гејзел, тврдејќи дека по децении на бавен пораст на населението, новиот тренд на доселување е добро за Берлин.

Но, брзото темпо на раст на населението донесе и некои негативни последици. Имено, пораснаа цените на куќите, наемнините и трошоците за градежни парцели. Гејзел предупреди дека во последните 12 месеци, цената на парцелите е зголемена за дури 30%.

За побрзо населување во градот, сенаторот предлага нов „Закон за забрзување на постапката за градежна дозвола“, како и намалување на ограничувањата за одделување на индустриските области од просторот за живеење.

Сенаторот исто така вети дека порастот на населението, нема да доведе до отежнат сообраќај низ градот, бидејќи автомобилскиот сообраќај е само 5% од зголемувањето на транспорт во Берлин.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија