Мигрантите од Италија дома враќаат милијарди евра

Многу мигранти во Италија се главниот спас на нивните семејства кои остануваат да живеат во земјите од Третиот свет. Според последните истражувања, тие дома испраќаат милијарди евра.

Ракеш Кумар е мигрант кој живее во Италија од 2000 година, а работи во интернет кафе во Рим. Секој месец праќа пари на неговото семејство кое живее во регионот Пенџаб во Индија, во близина на Пакистан.
„Кога веќе ќе бидеме возрасни, треба да заработуваме доволно пари за поддршка на нашето семејство“, изјави Ракеш. „Овде можете да заработите и 1.000 евра месечно, но тоа е скоро невозможно. Причината не е во тоа дека трошоците за живот се различни. Цените на шеќер и бензин се речиси исти“, додаде тој.

Според бројките на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, имигрантите од Италија минатата година дома испратиле 9.2 милијарди евра. Од вкупниот износ, 2.93 милијарди биле испратени во Африка, 2.75 милијарди во Азија, 2.66 милијарди биле испратени кај европски соседи како што се Романија и Албанија, 0.8 милијарди во Латинска Америка, а 0.09 милијарди на Блискиот Исток.

Парите испратени од мигрантите како Ракеш, обезбедуваат посигурен живот за луѓето кои живеат во нестабилни земји. Многу луѓе од таквите држави, спасот го гледаат во високоразвиените држави како што е Италија.

Според бројките од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, од почетокот на 2015 година, дури 54.000 имигранти побарале азил во Италија. Во 2014 година, италијанската влада доделила дозволи за престој на 20.600 баратели на азил, бројка што е 27% повисока од онаа во 2013 година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија