Билатералните односи се на високо ниво. Раната и доследна поддршка на Република Македонија по нејзината независност, улогата на Германија како најважен трговски партнер и блиските човечки врски преку 70.000 македонски државјани кои живеат во Германија, се централните поврзувачки точки.
Мотото на германската политика спрема Република Македонија е поддршка на евроатлантската интеграција на земјата, како и поддршка на реформите, потребни за остварување на таа цел, особено во областа на владеење на правото.
Како на билатерално така и на мултилатерално ниво, Сојузна Република Германија негува интензивна размена со Република Македонија. Многубројните програми и проекти за соработка со Владата како и со невладиниот сектор, на пример, преку Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), Фондацијата Меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Форумот Граѓанска служба за мир, го зајакнуваат реномето на Германија за доверлив партнер. Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје се активни преку своите канцеларии. Главниот град Скопје веќе долги години е во тесно партнерство со градовите Нирнберг и Дрезден.